На социјалните мрежи доцна синоќа беше споделувано видео од Штип, на кое се слуша како лица се караат а потоа возило налетува на група собрани луѓе.
Од СВР Штип информираа дека вчеравечер во 23.40 часот во Полициската станица Штип, Ќ.М.(46) од Штип пријавил дека тој и неговиот брат околу 22.10 часот на ул.„Широк Дол“ во Штип биле физички нападнати од повеќе лица кои употребиле и тврди предмети, а им ги оштетиле и возилата.
Според пријавеното, потоа лицата влегле во нивните домови каде физички ги нападнале и нивните семејства.
Како што дознаваме до пресметката дошло поради парични долгови.
*видео извор фејсбук
За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.