(видео)Донации во општините-Во име на хуманоста, јавниот интерес или подарок под рака за личен интерес – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/20 12:05 PM

(видео)Донации во општините-Во име на хуманоста, јавниот интерес или подарок под рака за личен интерес

Граѓани, поединци ,фирми, НВО-домашни и меѓународни донираат мостови, возила, канти ,клупи, се’ во името на јавниот интерес, подобрување на животот и реализација на граѓанските потреби во локалните заедници.

Но дали тоа е секогаш така?

Дали секогаш во позадина е хуманоста, општествената одговорност или во прашање е и нешто друго?

Кој донирал, што донирал,  насмевки и благодарност, се најчесто сликите и информациите кои што ги добиваат граѓаните, најчесто и на јазик кој што и не им е разбирлив.  Од општините тврдат биле отчетни и транспарентни.

Тешко се докажува дека зад одредена транспарентна донација се крие конечно реализирана легализација или пак добиена дозвола за градежни активности, најчесто реализирани преку трети лица, ,,благодарност“ за реализирана јавна набавка или пак добиена концесија или јавно приватно партнерство.

Тимот на Г.З Медиа Плус  правеше анализа на добиените донации и спонзорства во 11 општини и град Скопје. За три од овие општини ,Тетово, Струмица и Велес  изработивме подетални истражувања за спецификите и начинот на донирање и спонзорирања во секоја од овие општини.

Видеото кое што го изработивме ги сумира податоците од трите општини, давајќи одговори на прашањата-Зошто и кој донира и дали секогаш во секоја донација се крие јавниот интерес или во прашање е и нешто друго?

Сторијата е изработена во рамките на проектот ” Подарок под рака ”, во имплементација на-ЗГ Медиа Плус  , суб-грант на проектот „Заедно во борба против корупција “– финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Центарот за истражувачко новинарство СКУП МАКЕДОНИЈА од Скопје во соработка со Институтот за човекови права (ИЧП) од Скопје и Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ од Гостивар,” – Скопје.

Содржината на оваа публикација е исклучиво одоговорност на –ГЗ Медиа Плус – и во ни еден случај не ги одразуваат гледиштата на Европската унија, ниту на имлементаторот или партнерите на имплементаторот на овој проект