„Кој по двонеделна изолација ќе остане на пливање?“: Пуста и Макарската ревиера во Далмација (ФОТО) – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/20 10:12 AM

„Кој по двонеделна изолација ќе остане на пливање?“: Пуста и Макарската ревиера во Далмација (ФОТО)

Макарската ревиера е пуста. Сопствениците на хотели, изнајмувачите на соби, рестораните и кафулињата со нетрпение, но и безнадежно очекуваат гости. Но, тие не доаѓаат, а тешко и оти ќе им дојдат кога властите ги заострија мерките на хрватските граници и определија сите кои доаѓаат од Босна и Херцеговина и од други околни земји да мораат во двонеделна изолација.

Нема ни Чеси, Полјаци, Скандинавци, па ни толку посакуваните соседи од БиХ, кои минатите години беа меѓу најбројните гости на Макарската ревиера, било овде да летуваа или да доаѓаа само за викенд, пишува „Слободна Далмација“.

„Ма, кој ќе ни’ дојде? Од тоа нема ништо. Луѓето се плашат, гледате што се случува со оваа корона. Како некој по двонеделна изолација ќе остане за да плива. Здравјето е најважно, треба да се преживее. Не верувам дека некој воопшто ќе дојде – вели Нада Мусулин, од Градац.

Ништо подобра не е ситуаијата ни со хотелското сместување. Повеќето хотели се затворени, а некои дури сега се подготвуваат за отворање.

„Кој имаше гости од Чешка и од Полска може на нешто да се надева, а оние што работеа со Германци и Скандинавци нема да имаат ништо зашто масовно се откажуваат резервациите. Имаше по некоја резервација и од БиХ, но откако коронавирусот се врати и тие масовно откажуваат“, вели за „Слободна Далмација“ сопственик на хотел.