Не е шега: Московјанин продава тенк Т-34, а и ракетен фрлач „каќуша“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/20 9:23 AM

Не е шега: Московјанин продава тенк Т-34, а и ракетен фрлач „каќуша“

Жител на Москва објави на сајтот „Авито оглас“ дека продава комплетно реставриран тенк „Т-34-85“.

Како што се наведува, се работи за оригинален тенк од 1945 година што може да се користи. Ја поминал целата реставрација и демилитаризација, а цената на оклопното возило не е наведена.

„Т-34-85“ е модификација на легендариот тенк Т-34 кој советската војска почна да го користи во 1944 годима.

Паралелно со тенкот, човекот од Москва продава и ракетен фрлач „каќуша“, пренесува „Спутник“.