Повеќе од 1,5 милјарди луѓе немаат пристап до чиста вода која е безбедна за пиење. Во нашата земја ја имаме таа благодет да пиеме чиста и природна вода, која ги задоволува човековите потреби.
Преку водата се враќа изгубената течност како и неопходните минерали во вашиот организам. Но, секогаш е важно каква вода се консумира. Македонската компанија „Ли Куки Хоум“ ви ја претставува водата AQUA PELAGONKA од падините на Пелистер планина, освежителна, природна, мека, нежна се она што му е потребно на човечкиот организам кој е зависен од оваа течност. Приближно 70 % од телесната маса на возрасен човек ја сочинува водата. Здрава личност може да испие максимум 48 чаши вода во текот на денот.
AQUA PELAGONKA постои за доброто на природните ресурси и е вистински пријател на природата, драгоценост која се чува, велат од компанијата „Ли Куки Хоум“.
Основни факти:
Оваа компанија на македонскиот пазар во приватниот сектор опстојува од 1991 година. За својата компанија вработените ќе кажат е општетствено одговорна копанија, која сака да ја сподли својата позитивна енергија со луѓето. Семејството на „Ли Куки Хоум“ брои 15 вработени луѓе со редовни исплатени примања. Како примарна гранка го имаат производството на вода под брендот AQUA PELAGONKA.
Специфики на водата и цели на компанијата:
Во водата и во нејзината чистота ја пронајдовме нашата цел. Производите и трите суштествени нешта се најважни за нас: животната средина, квалитетот и здравјето на луѓето. Природна без вештачки додатоци.
Во услови кога светот е во ковид криза, во која најмногу страда економијата, „Ли Куки Хоум“ е компанија која не престана со производство, иако побарувањето во вакви услови е намалено за 50%, а со тоа не се реализираат средства за обрт. Стагнирањето на копанијата и нормалното функционирање, од „Ли Куки Хоум“, од компанијата велат дека се должи на немањето даночно олеснување од страна на државата.
Македонско, наше е – проект на Канал 77, како општествено одговорен медиум, во придонес на македонските компании во здравствено – економската криза со ковид 19. Ви ги претставуваме македонските компании и нивните бреднови.