Инцидент се случи во грчкиот Парламент, за време на дебатата за недоверба на владата на Алексис Ципрас. Кулминацијата ја предизвика говорот на пратеник на Златна зора, Константинос Барбарусис .
Пратеникот во еден момент, говорејќи за штетата што ја прави договорот меѓу Македонија и Грција, го повика како што рече, „военото раководство” да ги уапси премиерот, Алексис Ципрас, министерот за одбрана и владин партнер, Панос Каменос и претседателот, Прокопис Павлопулос.
Говорот на пратеникот предизвика силна реакција кај пртениците од СИРИЗА, кои стануваа и почанаа да се доближуваат до говорницата. Претседателот на Парламентот, Никос Вуцис се обиде да ги смири.
Меѓутоа, пратеникот на Златна зора, Константинос Барбарусис провокативно кажа кон тие што реагираа: „Вашите глави во Преспа, рече Барбарусис.