Целата вистина за сексот под туш! Невидено задоволство или… – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/20 9:00 PM

Целата вистина за сексот под туш! Невидено задоволство или…

Има ли поубаво нешто од  отколку да се истуширате заедно? Сепак, работите можат брзо да заземат неочекуван пресврт, да се занесете со галење, па од „ах“ и „збогум, мој природен лубрикант“  да доживеете  „ веднаш повикај брза помош,  јас се лизнав и си ја повредив главата“.

Многу луѓе сакаат да имаат секс под туш затоа што виделе слични сцени во филмовите. Сепак, тие не го земаат во предвид фактот дека зад сцената е режисерот кој се грижи сè да изгледа импресивно. Во теорија, сексот под туш е супер искуство. Сепак, реалноста е далеку од убава.

Кога ќе го слушнете изразот „секс под туш“, веднаш во глава ви идат две тела со сапуница, стиснати еден во друг, под врелиот млаз на водата. Во реалниот живот, сепак, ова е повеќе како циркуска изведба на двајца неискусни акробати.

Ако сè уште сакате да го оставите вашиот удобен кревет и да имате секс во бањата,  ќе ви ја откриеме целата вистина за најпопуларните проблеми што можат да се појават при обидот да го направите токму во бањата.

Се обидувате да стоите под млаз топла вода

Исклучително е тешко да се бакнувате и истовремено да се обидете да пронајдете место под тушот. И кога низ телото не ви тече вода, станува баш студено во бањата.

Недостатоци на водата

За време на сексот под тушот ќе откриете дека водата и вкупната влажност во просторијата не можат да се споредат со ниту еден лубрикант. И никогаш нема да можат!

Не можете да правите нормален туш

Додека тој ви го бакнува мокрото  тело,  вашиот ум е зафатен со тоа колку сакате да се сапуните со тој прекрасен гел за туширање со ванила. Наместо тоа, имате секс! Океј, нека ве бакнува, гелот за туширање очигледно ќе мора да почека!

Тешкотии во оралниот секс

Устата ви е полна со вода, ништо не може да се види … Во принцип, оралниот секс под туш е прилично чудна идеја.

Изборот на држење на телото е многу тежок

„Чекај, да, добро, ајде, така … Не, не е во ред сега, тргни се малку подалеку …“. На овој начин можеме кратко да го опишеме сексот во туш.

Може да се повредите

Нема ништо полесно отколку да се лизнете на влажниот под и да слетате на земја, да добиете непријатна повреда. Ова можеби нема да ви се случи, но сигурно ќе треба многу добро да се фокусирате на вашата рамнотежа.

Конечно најдовте удобна позиција

И еве.. застана  тушот, нешто се расипа. Нешто е заглавено во тоа и наместо да продолжите со сексот, ќе мора да барате нови делови и мајстор.

Извор: . blitz.bg