На постар маж пијавица му влегла во полниот орган, па со невидени болки завршил на операција – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/20 9:42 PM

На постар маж пијавица му влегла во полниот орган, па со невидени болки завршил на операција

Еден постар човек скоро останал без полн орган во кој пијавица му се вовлекла  додека се капел во езеро за да се олади.  Лекарите  од Камбоџа велат дека човекот во текот на денот талкал во езерото без облека бидејќи за него било премногу жешко, а потоа отишол дома. Сепак, во вечерните часови, кога сакал да уринира, но почувствувал страшна болка. Бидејќи болката не се смирувала, а екстремитетите почнале да му отекуваат, тој морал да побара итна медицинска помош.

Бидејќи човекот немал историја на болести и проблеми со уринарниот тракт, лекарите ставиле сонда со камера во неговиот пенис за да утврдат за што станува збор. Тие мислеле дека можеби има камен што создава проблеми, но она што го виделе внатре, ги шокирало.  Снимките покажале дека пијавица ползи во пенисот на мажот и почнала да цица крв. Пред да го внесат во операционата сала, лекарите морале да користат биполарен ресетоскоп за да ја убијат пијавицата и да спречат да не го убие човекот. Верувале или не, таа успеала да исцица скоро половина литар крв за само неколку часа.

Процесот на операција и отстранување бил многу комплициран, бидејќи пијавицата станала огромна поради цицањето крв.

– Постојат многу пијавици и други инсекти во нашите води што можат да претставуваат опасност за луѓето. Бараме граѓаните да внимаваат каде се бањаат – соопштија од болницата.

За среќа, постариот човек ја преживеал операцијата без поголеми компликации и потоа бил пуштен на домашно лекување.

Извор: Телеграф.рс