Францускиот напапаѓач и освојувач на премиерлигашката титула со Жозе Мурињо и Челзи, Лоик Реми, од следната сезона ќе го носи дресот на Беневенто. Екипата чиј тренер е Филипо Инзаги, од следната година се враќа во најдобрата италијанска лига и отсега го подготвува тимот кој ќе се бори првенствено што подолго да се задржи во Сериа А.
Според „Скај Италија“, 33 годишниот Реми како слободен играч ќе потпише триогодишен договор со малиот италијански клуб. Сезонава за Лил, Лоик Реми постигна 14 голови во 30 натпревари.
За промоција во Сериа А на Беневенто му треба само еден бод од вечерашниот дуел против Јуве Стабиа.