Колку коронавирусот му наштети на хрватскиот туризам најдобро покажува примерот со островот Хвар и со градот Хвар, пишува „Слободна Далмација“.
„Бројките се катастрофални. Никогаш во историјата на хрватскиот туризам градот Хвар немал ни приближно толку лоши резултати во овој период од годината. Сега во Хвар се одмораат со бројки и букви само 66 (шеесет и шест) странски туристи, а лани во овој период беа 4.588. Од тие 66 туристи, кои, сепак, дојдоа, најмногу се Словенци, Австријци, Германци и Чеси, Во градот се отворени само 20 до 30 отсто од сите угостителски објекти, а од 14 хотели отворени се само три“, вели Тео Јеличиќ, потпретседател на Градскиот совет на Хвар.