Баварија планира да ги тестира на коронавирус сите 13 милиони граѓани – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/20 11:00 AM

Баварија планира да ги тестира на коронавирус сите 13 милиони граѓани

Владата на германската покраина Баварија планира да ги тестира сите граѓани на коронавирус, без разлика дали имаат симптоми, а особено под лупа се погоните за преработка на месо, објавува Дијче веле.

Министерката за здравство најави офанзивно на тестирање, кое треба да ги извршат лекари по општа медицина. Во фокусот сепак ќе бидат најзагрозените – штитениците на домовите за стари и изнемоштени лица или пациентите кои се хоспитализирани, потоа луѓето кои работат на чувствителни и фреквентни места, како наставниците, воспитувачите…

Во текот на изминатите денови треба да биде изработен детален план. Сите трошоци ќе ги преземе покраината, доколку здравствените осигурувања не ги покријат трошоците за тестирањето.