Меѓународната мировна организација, Обединетите нации (ООН) соопшти дека е „шокирана и длабоко вознемирена“ од снимките од очигледниот сексуален однос што се случи во еден од неговите службени автомобили во Израел.
На видеото е прикажана жена во црвен фустан како седи на маж на задното седиште во бело возило со ознаки на ООН. Неколку други лица биле во автомобилот, а инцидентот е снимен на главната улица што оди по должината на брегот на Тел Авив, пишува Би-Би-Си.
ООН соопштија дека истрагата е во тек и дека тие работат на идентификување на лицата што се гледаат во видеото
На новинарско прашање дали станува збор за консензуален сексуален однос или дали станува збор за плаќање на услуги, Душарик рече дека истрагата се обидува да одговори на вакви прашања.
Извор: kurir.rs