Вчера околу 20.00 часот во Куманово, на бул.„Октомвриска револуција“, од страна на полициски службеници на возач на моторцикл му бил даден знак да застане, но тој не ја испочитувал наредбата, туку продолжил да се движи во правец кон полициските службеници и со моторциклот удрил еден од нив во пределот на ногата.
Потоа, изгубил контрола и паднал, по што се дал во бегство. По преземени мерки моторциклистот бил пронајден и приведен во полициска станица. Неговиот идентитет бил утврден и станува збор за Н.С.(28) од Куманово.
По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.