Патнички автомобил “слета” во водите на Охридското Езеро помеѓу месноста Горица 2 и Горица 3. Во инцидентот, за среќа, нема жртви и повредени.
Како што неофицијајно дознаваме причина за незгодата е невнимание, односно непрописно паркирање. Возилото кое било паркирано на надолнина само тргнало и завршило во езерските води.
Возилото со помош на специјалниот брод на Хидролошкиот завод е извлечено од езерото.
Увид на местото на настанот изврши увидна екипа која треба да ги расветли околностите за необичната незгода.
Извор:ohridnews.com