Па ние не сме сираци во оваа држава, вели Благоја Гујовски, сметајќи дека естрадата е неправедно маргинализирана во кризата од пандемијата – ММС
ММС

Објавено на: 06/27/20 2:57 PM

Па ние не сме сираци во оваа држава, вели Благоја Гујовски, сметајќи дека естрадата е неправедно маргинализирана во кризата од пандемијата

Во денешното издание на емисијата „Стадион“ на радио Канал 77 гостин беше и популарниот фолк пејач Благоја Грујовски, кој рече:

-Ние како здружение сме далеку од позицијата да бараме нешто, немаме правни орудија. Имавме многу јавувања од наши колеги, кои се засегнати, но за жал нашите можности се лимитирани и само можевме нивниот глас да го пренесеме. Сакавме да кажеме дека постои армија од илјади членови  занемарена и запоставена. Осекогаш сме плакале перснален данок, хонорарите се исплаќаат автоматки заедно со персонален данок.  Тенденциозни се тврдењата дека естрадата не плаќа даноци , кажа меѓу другото Благоја и додаде:

„Владата ни рече дека ова е гест на добра воља да се помага на добра воља, но тоа не е она големиот круг од браншата го очекуваше. Но, најпогодена е нашата бранша. Сега е битно лугето кои егзистираат од музика да се најде соодветно решени и да им се озвозможат услови за работа, како што им се дозволи на другите, па ние не сме сираци во оваа држава, рече Благоја.

Целиот разговор слушнете го во емисијата Стадион на Канал77..

https://www.facebook.com/Kanal77/videos/587829808810646/