Музичарите кои што лебот го вадат свирејќи по свадби, како и целиот сектор вклучен околу организирањето на свадби и други семејни веселби, бараат Владата да изготви и за нив протокол за работа, особено по одлуката донесена деновиве со која се забранува организирање на секаков вид на свадби и други свечености во ресторани , во и надвор од рестораните.
Според Горан Тодороски, музичар и член на групата „Феникс“, кој беше гостин во емисијата Стадион на Канал 77, во овој сектор загуби трпат над 40.000 луѓе сите вклучени во ланецот на бизниси кои што се вклучени во организација на свадби.