Езерото Лох Нес во Шкотска е светски познато по легендата дека во него живее чудовиштето Неси, кое со векови ја разгорува фантазијата на луѓето ширум светот.Туристот Стив Чалис од Саутемптон лани во септември на брегот на Лох Нес снимил нешто како огромна риба, но фотографиите заборавил да ги прегледа, а тоа го сторил дури неодамна, за време на карантинот поради коронавирусот, по што ги објавил и на социјалните мрежи. Сега многумина веруваат дека на сликите го „уловил“ токму легендарното животно.
Стив за „Дејли рекорд“ вели дека мисли оти се работи само за голем сом, а ги објавил форографиите само да види дали луѓето можат да му помогнат да го идентификува животното.
„По мое мислење, а јас не сум стручњак, се работи за голема риба која во Нох Нес дошла од морето. Мислам дека се работи за сом или за нешто слично, но многу големо, најмалку осум стапки. Но кој знае колкав е делот што е под површината на водата, која во езероо е многу мрачна, па е тешко да се прогнозира“, вели Стив.
Чудовиштето Неси какво што го знаеме од филмовите