Во Охрид продолжуваат актовностите за расчистување на крајбрежјето, од изградените објекти, согласно владината уредба за враќање на плажите во првобитна состојба.Денес во посета на Охрид беше претседателот на Националната комисија за УНЕСКО, и министер во Владата, Едмонд Адеми.Тој заедно со градоначалникот на Охрид,Константин Ѓеорѓиески направија обиколка.Но сето ова се случуваше без медиуми и без било и каква најава, информации општината сподели единствено на фб страната на градпначалникот.
„Заедно со министерот без ресор,Адеми, денеска уште еднаш ја потенциравме посветеноста на локалната и централната власт во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и имплементација на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.Извршивме увид на работните активности за уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро, каде што минатата седмица се вршеше отстранување на урбана опрема и бесправни градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план“, стои во информацијата.
Од општината велат дека во рамки на уредувањето на крајбржејето биле ангажирани екипи на сите општински јавни претпријатија, при што се извршило подигнување на градежниот шут и несоодветниот материјал, а планирани биле и активности за насипување и уредување на плажата со соодветна речна песок.
„Дел од сопственици на објекти на крајбрежниот појас од населбата „Свети Стефан“ до потегот на крајбрежјето кај „Градиште“, веќе започнаа самостојно да ги отстрануваат поставените нелегални објекти на плажите.Процесот на отстранување на урбаната опрема и бесправните градби од крајбрежниот појас на Охридското Езеро, според планираното ќе продолжи по завршување на активностите на уредување и ќе трае се до конечно расчистување на крајбрежјето.додаваат од општина Охрид
Од општина Струга велат дека веќе ја поднеле иницијативата до Уставен суд со која ја оспоруваат владината одлука за врачање на плажите во пвобитна состојба.
Мики Трајковски