Еко Герила – Поплавите во полошко се резултат на градење на хидроцентрали без стандарди – ММС
ММС

Објавено на: 06/26/20 6:42 PM

Еко Герила – Поплавите во полошко се резултат на градење на хидроцентрали без стандарди

Неодамнешните поплави во селата од Полошкиот регион не се резултат на дождови кои никогаш не биле отсутни во овој регион, туку се резултат на изградба на хидроцентралите во регионот.

 Штетата направена на околината за да се отворат патиштата каде што се изградени овие хидроцентрали е создавање можност за вакво поплавување. Сечење на дрвјата, копањето на земјата, пренасочувањето на речните корита, но и воведувањето на речните води во цевките за финансиска корист на некои луѓе блиски до централната и локалната власт, создаваат лизгање на земјиштето и поплави, реагираат од Еко Герила

 Оттаму истакнаа дека повеќе пати ги предупредиле надлежните веднаш да престанат со изградбата на овие хидроцентрали со образложение дека ја уништуваат животната средина и екосистемот, но тие се правеа глуви кон потребите на граѓаните и се подготвени да им служат на интересите на нивните деловни партнери.

Следната влада треба да ги разгледа решенијата и концесиите дадени за изградба на хидроцентрали и да побара од обвинителството да ги испита сите што се согласиле на локацијата, дозволите за користење на водата и дозволите за изградба на овие хидроцентрали, со тоа што физички лица и правните субјекти да сносат кривична одговорност за предизвиканата штета, реагираат од здружението Еко Герила

 Инаку денеска е стабилизиран сосотјбата во селата од Општина Теарце откако пред два дена се излеа Габровска река и блокираше главни патрни правци. Градоначалникот на Теарце Исен Асани апелираше граѓаните да бидат внимателни и да не фрлаат се и сешти во реките, што е причина за излевање на водата како што тврид тој при поголеми поројни дождови.

 Шарпланинските реки знаат често да се излеат и да направат штети низ селата затоа што голем дел од нив немаат регулирани речни корита. 

Зоран Димовски