Неготинчанец нудел лажни работа во Германија, измамил тројца од Виница – ММС
ММС

Објавено на: 06/26/20 3:58 PM

Неготинчанец нудел лажни работа во Германија, измамил тројца од Виница

од Министерството за внатрешни работи информираат дека ОВР Виница поднесе три кривични пријави против Д.К.(32) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела “измама“.

– Во  периодот од март 2017 до април 2017, пријавениот преку интернет оглас „работа во Германија“ објавен на интернет страна довел во заблуда три лица од Виница, на тој начин што лажно се преставувал себеси и нудејќи посредување за вработување  во Германија, ги навел оштетените во неколку наврати на негова трансакциона сметка да извршат уплата на парични сретства, во вкупен износ од 156,920 денари, се вели во соопштението на МВР.