Десниот бек на Реал Мадрид кој моментално е на позајмица во Борусија Дортмунд, Ашраф Хакими, на чекор е до потпишување на 40 милионски договор со екипата на Интер, јавуваат италијанските медиуми.
Неможноста за загарантиран првотимски статус во кралскиот клуб, го натерала младиот марокански бек да размислува за промена на средината во летниот трансфер период. Интер и Реал Мадрид стапиле во контакт и се очекува Флорентино Перез да ја прифати понудата на италијанскиот тим.
Хакими бил прва трансфер цел на Антонио Конте, откако Мозес ќе се врати во матичниот клуб Челзи по завршувањето на сезоната, а Кандрева повеќе не одговара на неговата формација базирана на крилни офанзивни бекови од двете страни.