Брисел решава на кои земји ќе им биде дозволен влез во ЕУ, Македонија ја нема на ниедна листа – ММС
ММС

Објавено на: 06/26/20 5:30 PM

Брисел решава на кои земји ќе им биде дозволен влез во ЕУ, Македонија ја нема на ниедна листа

Официјални лица во Брисел денеска разговараат на кои земји ќе им биде дозволен влез во Европската Унија, на први јули кога европските граници треба да бидат отворени.

Неофицијално, како што наведува „Еуроњуз“ ,засега има две листи, една со земји кои ќе им биде дозволен влез и друга со земји кои нема да можат да патуваат низ ЕУ.

Македонија засега ја нема во ниту една од овие две листи.

Листите предизвикаа контроверзија откако некои извори објавија дека на граѓаните од САД – најлошо погодената земја со коронавирусот, нема да им биде дозволен влез во ЕУ.

Во четвртокот, европските официјални лица не успеаа да постигнат договор за тоа на кои земји ќе им биде забранет влез во Унијата.

Според дипломатски извори, како што наведува „Еутоњуз“, на листата на земји на кои ќе им биде забранет влез се наоѓаат Катар, Бразил, САД и Русија.

„Еуроњуз“ потсетува дека кога упатствата на ЕУ беа објавени пред две недели, официјалните претставници рекле дека на списокот ќе се земе предвид стапката на инфекција во земјите и дека критериумите се засновале на епидемиолошки податоци. Тогаш имаше 47 земји на списокот на кој би им бил дозволен влез и 54 на другата листа.  Се очекува овие податоци да се менуваат.