Како што се очекуваше, ѕвездата на Бруклин Нетс и поранешен освојувач на два шампионски прстени со Голден Стејт Вориорс, Кевин Дурант, нема да учествува во плеј-офот на сезоната во Орландо. Ова се дожли на повредата на Ахиловата тетива што крилниот напаѓач ја доби токму во минатогодишниот плеј-оф дуел во дресот на Вориорс. Дури и да не постоела таа повреда, Дурант веројатно не би настапил сезонава.
Во интервју за „Ци Би Ес Спортс“, Американецот открива дека ситуацијата со коронавирусот ќе го спречела да замина за Флорида, без разлика на повредата на ногата.
-Во моментов се чувствувам како да веројатно немаше да играм заради многуте непознати страни околу оваа луда ситуација со сите овие нови случаи. Тоа е толку непредвидливо. Лесно е за мене сега да го кажам тоа затоа што сум повреден, но веројатно не би одел во Орладно, рече Дурант.
Неколку играчи веќе се откажаа од настап од последната фаза од сезоната, Дејвис Бертанс, поранешниот играч на Партизан и Ејвори Бредли од Лејкерс.
Ситуацијата во Орландо не е воопшто сјајна, поради бројните случаи на Ковид-19 во последните денови.