Директорот на турнејата Адрија во Задар и тренерот на првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, е позитивен за коронавирусот.
-Зажал, по два негативни теста во последните 10 дена, само што ги дознав резултатите од денешниот, трет тест и тој е позитивен на „Ковид-19“. Се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Сакам да ги известам сите што биле во контакт со мене за фактот дека сум Ковид-позитивен и ги замолувам да ги преземат сите неопходни чекори за да се заштитат себе си и своите најблиски. Јас продолжувам со самоизолацијата што ја започнав порано. Им посакувам на сите заразени брзо закрепнување – напиша Горан Иванишевиќ на својот профил.
Извор: scena.hr