Време: Врнежливи попладниња уште денеска и утре, потоа стабилно и топло – ММС
ММС

Објавено на: 06/26/20 6:01 AM

Време: Врнежливи попладниња уште денеска и утре, потоа стабилно и топло

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Максималната температура се очекува да достигне до 34 степени. УВ=8. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.

До утре во попладнедневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме. Во недела услови за краткотрајна нестабилност ќе има само во западните делови. Следува период на стабилно време и температури во позначнителен пораст.