Повеќето бегалци од Сомалија не знаат што е коронавирусот, тврдат работниците на ООН кои секојдневно ги контролираат граничните премини, пренесува лондонски „Гардијан“.
Според Меѓународната организација на ООН за миграција, повеќе од 51% од скоро 3.500 бегалци од Сомалија кои биле регистрирани и интервјуирани од работниците на ООН во третата недела од јуни, никогаш не слушнале за коронавирус.
„Бев шокиран кога прв пат видов дека овие луѓе не знаат дека постои коронавирус и дека е прогласена пандемија во светот“, изјави Санчез Бин, програмски менаџер на канцеларијата на Меѓународната организација за миграција во Могадишу, за репортерот на АП Селест.
Извор: b92.net