Може ли крвна група да го предвиди ризикот од инфекција со вирусот SAR-CoV-2? Новите истражувања покажуваат дека постои голема веројатност дека крвната група 0 има некои посебни заштитни „својства“ кога станува збор за зараза од „ковид-19“, додека крвната група А почесто се поврзува со потешка клиничка слика поради инфекција со коронавирус.
Новата европска студија која опфатила 1.980 пациенти со ковид-19 открила дека луѓето со крвна група А се изложени на поголем ризик од инфекција со коронавирус и развој на потешки симптоми од оние со други крвни групи. Сепак, кај оние со крвна група 0, се покажа дека постои некаква форма на „заштитен ефект“.
Претходните студии ги дадоа истите откритија. Студијата спроведена во Кина на 2.173 пациенти со ковид-19 открила дека луѓето со крвна група А се изложени на поголем ризик од заболување, додека луѓето со крвна група 0 имале помал ризик од инфекција.
Друга студија, во која беа опфатени 1.559 пациенти со коронавирус во Њујорк, покажа дека оние со крвна група А имаат 33% поголема веројатност да бидат позитивни на тестот Ковид-19 од другите крвни групи, а оние со 0-негативни и 0-позитивни крвни групи се со помал ризик да добијат такви резултати.
Зошто се случува ова?
„Истражувањето сугерира дека ова се должи на присуството на анти-А и анти-Б антитела кај луѓе со крвна група 0“, објаснува Сактивел Вејпури, вонреден професор по кардиоваскуларна фармакологија на Универзитетот во Ридинг.
Лекарите од болницата во Хонг Конг откриле дека анти-А антитела може да го инхибираат, па дури и да го блокираат врзувањето на вирусот со клетката домаќин, што може да биде објаснувањето зошто луѓето со крвна група 0 се заштитени.
Д-р Вјепури, од друга страна, вели дека тоа не значи дека луѓето од крвната група А треба да живеат во страв од инфекција, бидејќи ова истражување сè уште нема доволно научни докази за да ја поддржи оваа теорија.
Извор: mondo.rs