Министерството за финансии на САД испратило чек со државна помош на адресите на повеќе од еден милион мртви Американци, откриваат набудувачите во Конгресот, а истиот го потврди и државната агенција за надзор(GAO), пренесува „Вашингтон пост“. Вкупната сума на пари испратени на адресите на починатиот е скоро 1,4 милијарди долари, објави државната агенција за надзор (GAO).
„Вашингтон пост“ претходно објави дека Министерството за финансии и даночната служба погрешно испраќале чекови од 1.200 долари на адресите на неколку лица кои починале, но во тоа време сè уште не бил познат степенот на грешката.
Оваа грешка може да ги одврати некои републикански кругови да ја поддржат иницијативата на претседателот Трамп и неговата администрација да обезбедат дополнителни средства за да им помогнат на граѓаните погодени од епидемијата на коронавирус.
Во својот извештај, (GAO) посочува дека грешката во Министерството за финансии и даночната служба се должи на употребата на постапката за итни случаи, како и поради застарените филтри во базите на податоци.
Извор: sputniknews.com