Google е подготвен на медиумите да им плаќа за објавување на содржини – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/20 7:21 PM

Google е подготвен на медиумите да им плаќа за објавување на содржини

Американскиот интернет гигант Google денеска објави дека е подготвен со медиумските куќи да склучи договори со кои за прв пат, компанијата би се обврзала да исплаќа надохнада за објавување на информативни содржини.

Google  со години прави обиди да се одбрани од барањата од медиумските компании ширум светот да финансиски им надохнади за користење на содржини. Посебно гласни во критиките беа медиумите од Европа.

„Денеска ја објавуваме програмата за купување на лиценца врз основа на која ќе им плаќаме на издавачите за квалитетни содржини за потребите на новото „информативно искуство“ . Ова е во планот за втората половина од годината “ , објави потпретседателот за вести на Google  Брад Бендер.

„Информативно искуство“ е новиот производ на Google  кој ќе биде лансиран на Google news i Google Discovery.

 

извор :vecernji.hr