Штетата од ковид –кризата најмногу ја почувствуваа малите и средни претпријатија кои се наоѓаат на работ на егзистенција. Семејните бизниси кои имаа услови да го преориентираат своето производство или пак услуги изминатите месеци го напрвија тоа, но имаше и такви чија стрктура не го дозволуваше тоа.
Додека едни компании или фирми работеа во полн ек за време на пандемијата и заработуваа на сметка на кризата, други помалку одржливи бизниси не успеа да опстојат. Дел од нив беа принудени или да ги намалат платите на вработените или да ги отпуштат, во краен случај и да стават клуч на врата.
Пандемијата ги натера граѓаните не само во нашата земја, туку и во светот да создадат нови навики кои ќе останат и долго по завршување на кризата со корона вирусот. Во одредени сегменти од животот може и позитивно да се гледа на пандемијата, барем кога станува збор за семејните вредности, време за сам себе си, учење на корисни работи кои ќе влијаат на вашата надградба како личност.
Дигитализацијата стана поблиска до луѓето, онлајн трговијата стана дел од секојдневието, а луѓето се повеќе се свртеа кон враќање кон природата. Одењето на село и посетата на места за кои само сте слушнале станаа предизвик во овој период.
Оние кои можеби најмногу профитираа во овој период на сметка на кризата е фармацевтската индустрија. Зголемената побарувачка на заштитни маски, ракавици, дезинфекциони средстава како превентива од корона вирусот на компаниите од овој сектор им донесоа профит, па дури и поголем од оној пред кризата.
Без никакви рестрикции работеа и маркетите, дел од нив имаат и алтернатива за време на полицикси час да обезбедат и онлајн порачка.
Хотелите кои се понудија за државен карантин кој траеше два месеци за македонски граѓани вратени од земји со висок, среден или низок ризик требаше да поминат 14 дена во строга изолација, се офајдија од државни пари. Трошоците за исхрана и одржување на хигиена беа надоместени од државниот буџет, и изнесуваа не повеќе од 10 евра по лице од ден. Според „Отворени финансии“ најголема заработа од 14.750.000 денари има хотелска компанија која стопанисува со хотел и казино на македонско – грчка граница. На хотелите во Скопје за оваа услуга им биле исплатени од 3.850.000 до 348.000 денари. Во Охрид од 3,9 милиони денари до 756.000 илјади денари.
Продавниците за бела техника нудеа и попусти додека граѓаните беа во карантински денови со цел да им обезбедат подобра забава и рекреација преку модерна технологија.
Стравот од корона вирусот и псхолошката бариера кај луѓето ги натера да размислуваат алтернативно и економично, пред се за своја лична заштита што помалку да го користат јавниот превоз, а со тоа порасна побарувачката за тротинети и велосипеди како опција за превоз.
Наспроти секторите кои се дел од вкупната економија и за кои како и воопшто да не ги почувствуваа последици од корона кризата, имаше и сектори каде профитот изминатите месеци изнесуваше нула денари.
Теретани, фитнес центри, салони за разубавување, занаетчии, угостители, туристички агенции, таксисти се помеѓу најпогодените во оваа кризна ситуација, како микро и мали претпријатија кои најголем дел од нив се семјени бизниси и чија егзистенција зависи од нивниот бизнис кој во време на корона бележи негативен раст.
Додека во некои сектори се делат решенија за отказ и се губи работното место, во јавната администрација вработените во институциите работат со рестрикции, дел од нив седат дома, и земаат целосна плата. Градиниките кои во овој период се затворени, профитираа на сметка на родителите, со што мораа да го исплаќаат месечниот надоместок исто како нивното дете да оди во градинка. Плаќаат за услуга која не ја добиваат.
Државниот завод за статистика излезе со извештај дека преработувачката индустрија се наоѓа многу лоша состојба, каде се очекува голем број на работници да ја изгубат својата работна позиција.
„Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2020 година изнесува 65,4 отсто од нормалното искористување“, стои во соопштението.
Некои индустрии обезбедија и алтернатива за време на корона кризата, како на пример текстилната индустрија која овој период го искористи за инстант производство на заштитни маски, но не сите текстилни компании се одлучија за оваа алтернатива која не е одржлива на долг рок.
Маријана Перковска претседателка на „Кластерот за текстил“ вели дека Ковид 19 покажа дека текстилната индустрија е базична индустрија.
„Ковид 19 и шиењето на маските во текстилната индустрија беше од аспкет на тоа што не само што се снајдоа, туку и ја пребродија кризата во тој момент текстилните компании и одговорија на барањата кои што беа потребни во тој момент, во целиот свет, не само кај нас. Проблемот е само во тој момент, следниот чекор со поминување на оваа пандемија ќе има како сега што се случи намалување на потребата од маски или повторно текстилната индустрија ќе се најде во одредена криза, многу повеќе отколку во периодот на пандемија“, изјави Перковска која додава дека намалениот промет и обем на продажба предизвикало тектонски пореметувања во ланецот на продажба.
Она на што ги научи пандемијата е начинот на продажба на текстилните производи онлајн и достава до дома и како што вели таа, тоа е излезот од кризата на текстилната индустрија. Сите анализи покажуваат дека сите поголеми компании се одлучуваат да ги затворат продажните продавници и да се преориентираат кон онлајн продажба. Но како што вели Перковска кај нас се соочуваат со потешкотии во начинот на спроведување на онлајн продажбата. Таа посочи неколку работи на кои треба да се работи во следниот период, воведување на Пејпал, измена на царински процедури, субвенционирање на пратките и повратот на производи.
„Има компании кои работат за трговци кои што продаваат преку интернет, каде што нивната побарувачка токму во времето на пандемијата се зголеми повеќе од дупло. Има компании кои во време на пандемијата немаа можност и време да изработуваат маски бидејќи правеа извоз за странски фирми кои што продаваат на интернет и нивната побарувачка скоро до 50 отсто се зголеми отколку за истиот период претходната година. Сите показатели покажуваат дека ова е нешто што час поскоро треба да се направи“, вели Перковска.
Во текот на јануари, февруари и март годинава биле реализирани вкупно 1.954.957 онлајн транскации во земјата и во странство, со што во однос на лани претставува 22,2 отсто зголемување. Само во текот на месец март се потрошиле 10,1 милиони евра од страна на македонски купувачи кон домашни компании кои продаваат онлајн, за разлика од 5,2 милиони евра во текот на месец март минатата година, што значи раст за 94,2 отсто.
„Во текот на првите три месеци од 2020 година Македонците со домашни картички кон македонски е – продавници, потрошиле вкупно 28.9 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 17,9 милиони евра или 61,5 отсто, во однос на истиот период претходната година. Голем дел од трансакциите кои во претходниот период се одлевале од државата кон странските земји, во текот на првите три месеци, а особено во месец март се пренасочени кон домашни е – продавници“, соопштува Асоцојацијата за е – трговија на Македонија.
За период од првите три месеци годинава, бројот на онлајн продавници се зголемил за дополнитени 58, според податоците на Асоцијацијата обезбедени од петте банки само во март банките имплементирале 42 нови е – продавнции, а во месеците јануари и февруари годинава се вклучиле вкупно 16 е – продавници.
Помеѓу најпогодените од корона кризата се и копаниите кои влегуваат во „ивент индустрија“ кои се потпишуваат како организатори на настани од јавен карактер, рентал компании, видео и аудио продукции, поддржувачи на настани односно се она што спаѓа под „енетртејмент“.
Маја Бабиќ од Асоцијацијата на компании од „ивент“ индустријата вели дека од страна на мерките објавени од Владата , оваа индустрија не била видлива и препознаена. Аплицирале за помош од државата, но како што вели компанија која е затворена четири месеци не може да биде функционална само со 14.500 денари помош за вработените, бидејќи имаат и режиски трошоци.
„Ние интензивно разговараме за пуштање на овој сектор бидеќи сме крајно одговорни и како стопанственици и како граѓани на оваа земја дека јавните собири претставуваат ризик по здравјето, но од друга страна гледате дека се се пушта веќе па дури и границите, со што не гледам зошто нас би не држеле затворени. Свесни сме дека со самото пуштање ќе се соочиме со некои нови предизвици зголемени трошоци за работа, ризикот е голем како ќе успееме да ја привлечеме публиката на нашите настани без разлика дали тоа ќе биде со наплата на влезници или од отворен тип. И доколку не пуштат ние ќе мора да го продолжиме дијалогот за да обезбедиме некаква помош во спротивно јас не знам како овие компании ќе опстојат“, вели Бабиќ.
Главно овие компании се семјени бизниси, засега како што вели таа се наоѓаат во многу лоша ситуација, но не само тие како компании туку и артистите и музичарите кои на некој начин егзистираат од оваа дејност.
„Не се уште нема згаснато ниту една компанија од ние што го имаме како информација, нема ниту отпуштање на луѓе но чекаме да видиме како ќе се одвиваат работите. Ако настаните се одвиваат под некои невозможни околности или пак како што се највува на есен да имаме нов бран тогаш навистина се плашам дека и во Македонија и во светот ентертејмент индустријата нема да го издржи тоа. За жал тука се огромен број на артисти и музичари кои привредуваат од оваа дејност што дури се плашам како тоа би изгледало“, потенцира Бабиќ и додава дека враќањето во едно поинакво „нормално“ со почестата посета на концерт, театар, изложба би било ослободување од моменталната психолошка стега.
Во сите овие месеци се обидувале да најдат алтернатива или замена, дали онлајн или нешто друго, но на крајот сфатиле дека ентертемјент индустријата никако не може да се претвори во гигабајти и не може да оди онлајн, затоа што онаа интеракција помеѓу публиката што ја има артистот на сцена не може да се замени.
„Или оваа индустрија ќе оди повторно во живо или нема да ја има. Преадаптацијата е тешка во овој бизнис, ние видовме голем број на примери кај нас и во светот каде што музичарите држеа и од дома концерти, но тоа мислам дека повеќе беше добра волја на артистот во лесното справување со кризата која сите не снајде и не збуни и тоа беше како морална поддршка, но никако не може да биде пракса понатаму особено од тоа што не може да се привредува. Да не заборавиме дека сите ние работиме за плата, така што музичарите и ивент индустријата во овој момент нема научено како да привредува онлајн“, потенцира Маја Бабиќ од Асоцијацијата на компании од „ивент“ индустријата.
„Најмногу погодени од оваа криза дефинитивно беа малите и средни претпријатија, семејни бизнисни“, вели Благоја Грозданов од Сојузот на стопански комори на Македонија.
„Конкретно по сектори најзагрозени беа секторите кои во тој период воопшто не работеа односно имаа нула денари приход. Пред се зборуваме за рестораните, уготителите, хотелите, туристички агенции, теретани, фитнес центри, базени, центри за убавина збориме за оние сектори кои фактички со одлуката на Владата беа затворени и воопшто не генерираа никаква економска активност“, вели Грозданов.
Во однос на мерките вели дека имало критериуми кои биле навистина апсурдни за аплицирање на малите и средни претпријатија, имале впечаток на едно хаотично менаџирање, она што недостасува вели Грозданов е јасна визија и стратегија како да се излезе од кризата. За пренамена на производството, малите и средни претпријатија имаат помалку услови за да го обезбедат тоа.
„Во основа многу од малите и микро претпријатија немаат кој знае какви алтернативи за водење бизнис. Ние направивме една анкета и дојдовме до податоци дека 80% од вкупниот број на анкетирани претпријатија во рамките на Сојузот на стопански комори се изјасниле дека немаат можност да си ја вршат работата од дома или онлајн. Сите оние кои што можеа сега прибегнаа на онлајн продажба, но во ред е за тие што можат нема збор дека носи подобра ефикасност и во однос на физичката положба, но доминатни бизнис модели не можат целосно да бидат заменети со онлајн продажба остна проблемот дека тие луѓе не можат да вршат дејност. Алтернативен начин за тие да работат немаат и да е алтернативен тој е далеку од доволен за да ги покрие трошоците. Луѓето бараа алтернативи релативно мал број од нив успеаа да најдат, оние што најдоа мислам збориме за алтернатива колку да се премости месец или два, а ефектите од кризата сметам дека ќе бидат подолгорочни овие месеци додека трае самата криза, мислам дека вистинските ефекти ќе ги почувствувме на есен кога фактички ќе ни треба вистинска инекција за да се раздвижи економијата“, вели Благоја Грозданов од Сојузот на стопански комори.
Кога не работи целиот сектор, не работат малите и средни претпријатија економските механизими ќе проработат и проблемот ќе се движи кон вработените, кои според уредбите на законот за работни односи ќе земаат 50 или 70% намалени плати ќе имаме помала потрошувачка моќ и повторно на среден рок ќе бидеме заглавени во проблемот, вели Горзданов.
„Ако сега имало шпиц на потрошувачка тоа е заради некој псохолошки моменти, мислам дека доколку на долг рок или среден рок не се оправи работата и не се врати потрошувачката моќ на населението како што беше и не се направи подобра дисперзија на вишоците во општеството акумулирани ќе имаме повторно проблем“, појаснува Благоја Грозанов.
Следно нешто вели тој со што треба да се соочиме е психолошкиот проблем кај луѓето, проблемите кои се создадоа во психата се многу поголеми од сите други ефекти. За да се вратиме на нивото на активност кое го имавме пред месец март, пред кризата вели Грозданов треба да помине доста време, со што и потрошувачките навики на луѓето ќе бидат сменети.