Приведен штипјанецот кој со сила и одзел пари и накит на 81-годишна старица – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/20 12:46 PM

Приведен штипјанецот кој со сила и одзел пари и накит на 81-годишна старица

Во два наврати, дваесет и седумгодишен штипјанец ограбил старица.Тој влегол во нејзината куќа физички ја нападнал и со закани и одзел златен накит и пари.

Полицијата го следела и го привела.

,,По претходно добиени оперативни сознанија полициски службеници од криминалистичката полиција од СВР Штип во содејство со полициски службеници од Полициската станица Штип, расветлија 2 кривични дела „разбојништво“, 1 кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ и едно кривично дело  „тешка кражба“ од куќа извршени од страна на Ѓ.М.(27) од Штип,“ се вели во информацијата од Полицијата.

СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“.

,,Пријавениот во два наврати, на 16.06. и 23.06 со намера за себе да прибави противправна имотна корист со употреба на сила и подесен предмет ја отворил влезната врата на куќа на ул.„Личка“ во Штип сопственост  на Р.Ј. (81) од Штип, влегол внатре при што и во двата наврати физички ја нападнал и со закани и одзел златен накит и пари,“се додава во соопштението

Од страна на судија на претходна постапка на Ѓ.М. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.