Родилка почина во штипската болница – бебето преживеа – ММС
ММС

Објавено на: 06/14/18 11:47 AM

Родилка почина во штипската болница – бебето преживеа

Родилката М.П од Свети Николе починала утрово во болницата во Штип откако вчера вечерта била породена во болницатa.

Како што дознава МКД.мк од семејството, жената се породила со машко бебе, а утрово починала под засега се уште неразјаснети околности.

Семејството нема информации од што настапила смртта и кога дошло до влошување на состојбата кај родилката.