Никола Пековиќ со години работи на урбанизација на Златибор, а неодамна ја купи вилата на починатиот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито во населбата Палисад. Кошаркарот планира да го реновира ова културно богатство и да го претвори во музеј, а на плацот од околу два хектари, каде се наоѓа оваа куќа, тој гради луксузен комплекс во кој инвестирал околу 15 милиони евра.
Српски Курир пишува дека го посетиле Златибор, каде поранешниот спортист од Црна Гора го има својот имот на неколку локации. Мештаните откриле дека фирмата на Никола, чие седиште е во Белград, минатото лето ги започнала работите околу вилата на Тито и дека добил согласност од Институтот за заштита на споменици на културата во Кралево.
Вилата на Тито е зграда што е под државна заштита како културно богатство. Едно време, му припаѓала на белградскиот адвокат Александар Павловиќ, но државата по Втората светска војна му ја одземала и ја претвори во вила на Тито. Броз никогаш не спиел во неа, тој само ручал во нејзиниот двор еднаш во 1974 година.
Текст и фото: kurir.rs