Македонската сатира збогатена со насловот ,,Сатирични мистерии” од Миле Ѓорѓијоски – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/20 6:07 PM

Македонската сатира збогатена со насловот ,,Сатирични мистерии” од Миле Ѓорѓијоски

Македонската сатира збогатена со уште еден наслов. „Сатирични мистерии” е новата книга со избор афоризми од сатиричарот Миле Ѓорѓијоски, која откако беше издадена на бугарски јазик, го доби и своето македонско издание.

-Делото содржи над 1500 афоризми од моето целокупно творештво, објавени од колегата Валентин Димитров, кој ги одбра афоризмите и претходно ги објави како прва книга од македонски сатиричар објавена на бугарски јазик, информираше авторот Ѓорѓијоски.

Илустрацијата за македонската верзија на „Сатирични мистерии” ја работеше познатиот карикатурист Миро Георгиевски, додека автор на портретот е Владимир Голуб од Русија.

Ѓорѓијоски досега има издадено 14 авторски книги и има подготвено 15 алманаси на афоризми, меѓу кои и антологијата на европски афоризми Трагачи по парадокси III.