Сте помислиле ли дека во текот на денот го допирате вашиот мобилен телефон во просек 2.600 пати? А дека во светот има повеќе луѓе кои што имаат паметен телефон отколку четка за миење заби ? Знаевте ли дека просечната личност поминува 24 часа неделно на интернет, што во просек е 1/7 од животот.Еве и некои други факти кои се дознаваат од истражувањата за паметните телефони и уреди :
На светот има 3.5 билиони корисници на смарт телефони, тоа е речиси половина од светската популација, a 850 милиони корисници на мобилни телефони се во Кина.
Ако ги наредете сите мобилни телефони во светот еден врз друг ќе формираат линија од 1.240.000 километри, а комбинирани на овој начин тежат 1.500.000 тони, што е одприлика колку 60 статуи на слободата.
Постои и страв да го изгубите вашиот смарт телефон и се вика момофобија
75 милиони од луѓето заспале со телефонот во рака, а околу еден билион од луѓето го проверуваат телефонот веднаш од кога ќе се разбудат.
Досегашната просечна заработка во 2020 година од симнување на апликации е 190 билиони долари.
До 2027 година се предвидува дека ќе има 40 билиони паметни уреди на планетата, што е за 5 пати повеќе од популацијата на луѓето моментално.
Досега, речиси секоја втор автомобил е поврзан на интернет.
За три години се предвидува дека мобилната индурстрија ќе придонесе во светскиот бруто домашен производ речиси пет трилиони долари.
Просечната возраст на која се користи првиот телефон е 12 години