Веќе неколку дена не работи една од поголемите текстилни компании во Штип, откако е дијагностиран ковид кај двјаца вработени. Сите работници се на користење на годишен одмор, како превенција од ширење на вирусот.
За разлика од оваа конфекција во друга чевларско – кожарска компанија, и покрај тоа што неколку работници се позитивни на корона вирусот, производствениот процес не е запрен, туку само се изолирани заболените и колегите, кои биле во контакт со нив.
Засега, властите велат дека ковидот во Штип е ставен под контрола, а денеска како и вчера, има еден нов случај.
Сепак, остануваат препораките за примена на заштитните мерки, особено по капацитетите, каде работат поголем број на работници во еден погон.