Пјонгјанг суспендира планови за воена акција против Јужна Кореја – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/20 10:31 AM

Пјонгјанг суспендира планови за воена акција против Јужна Кореја

Севернокорејската Централна воена комисија на последниот состанок, со кој претседатвал Ким Џонг Ун, решила да се прекинат сите планови за воена акција против Јужна Кореја, јавува официјалната агенција КЦНА.

Тензиите во односите меѓу двете Кореи од неодамна се зголемија, а почна и сериозна пропагандна војна. Од југот кон северот почнаа да летаат балони со пропагандни материјали, а северот почна да поставува големи звучници за пропаганда на граичната линија меѓу двете Кореи.