За димензиите на поплавите во Тузланскиот кантон најдобро „зборуваат“ фотографиите од воздух што ги направил аероклубот „Феникс“ од Живинице, а ги пренесуваат „Тузлански инфо“ и други медиуми во Босна и Херцеговина.
Во реонот на Живинице и Кладањ се отсечени многу куќи, поплавени се 250 станбени, сто помошни и десетина деловни објекти, а од најпогодените делови има евакуирано население.