Поголемиот број видови сирења датираат уште од средниот век и најчесто биле правени во манастирите, а историјата на најпознатото француско сирење „камембер“ датира од пред 200 години. Ова е всушност и единственото сирење, чиј изумител е познат. Станува збор за Мари Харел, која доаѓа од селото Кемембер во Нормадија.
На наша територија ја имаме млекарата „СЕНТИС АГ ДООЕЛ“ која од мал семеен бизнис прераснала во сериозна компанија за производство на млеко и млечни производи. Постои од 1996 година, сместена во тетовско Џепчиште, чија основна дејност е производство, преработка, складирање, дистрибуција и продажба на млеко и повеќе видови млечни производи наменети за домашниот пазар, со можност за продажба и извоз на надворешните пазари. Оваа млечна компанија започнува со работа како мал семеен бизнис, за да денес прерасне во голема и сериозна млекара која достоинствено и парира на својата конкуренција.
ОСНОВНИ ФАКТИ ЗА „СЕНТИС АГ ДООЕЛ“
СЕНТИС АГ ДООЕЛ“ во моментов има 55 вработени во производството и дистрибуција на готови производи. Компанијата има развиено сопствена дистрибутивна мрежа со која го покрива целиот пазар на територија на Република Северна Македонија. Млекото компанијата го откупува од подобни добавувачи – млеко производители кои во моментов ги има околу 550.
БЕНЕФИТНАТА СТРАНА НА „СЕНТИС АГ ДООЕЛ“
Просечната плата во оваа млечна компанија соодветствува со просечната плата во нашата земја и истата изнесува околу 24.000 денари по вработен. Годишниот промет на компанијата за изминатата 2019 година изнесувал 6.000.000 евра.
БОГАТО ПОРТФОЛИО СО ВКУСНИ ПРОИЗВОДИ ЗА НА ТРПЕЗА
Компанијата располага со модерна опрема и технологија да прими и преработи 100 000 литри млеко дневно. Широкиот спектар на производи и богатото портфолио на компанијата брои околу 30 производи кои постојано се надополнуваат со нови производи согласно барањата и потребите на пазарот. Во изминатиот период компанијата разви широк асортиман на производи кој опфаќа:
* Производи од свежа програма (пастеризирано млеко, јогурт во различни пакувања и со различна содржина на млечна маст, кисело млеко)
*Производи од тврда програма (бело саламурено сирење, неколку видови кашкавал и традиционално биено сирење)
*Доготрајно млеко (повеќе видови на долготрајно млеко во тетрапак амбалажа со различна содржина на млечна маст и различна форма на пакување)
ЗОШТО ДА ГИ ОДБЕРЕТЕ ПРОИЗВОДИТЕ СО ЗНАКЧЕ НА „СЕНТИС АГ ДООЕЛ“
Сериозната посветеност и одговорност кон купувачите е основната мисија и визија на компанијата. Согласно тоа сериозно пристапуваат кон набавката на квалитетни суровини и производство на висококвалитетни и безбедни производи за да соодветно одговорат на се построгите барања на купувачите и пазарот.
„Во текот на нашето 24 годишно работење успеавме да изградиме бренд и имиџ кој е синоним за квалитет. Пазарот и купувачите ја препознаваат оваа наша заложба која се рефлектира преку постојан раст на производството и продажбата. Купувачите стануваат свесни дека домашните производи можат да бидат дури и поквалитетни од производите од увоз. Ова допринесува за зголемена побараувачка на домашните производи“, велат од компанијата „СЕНТИС АГ ДООЕЛ“.
КОВИД – КРИЗАТА ГИ ПРОМЕНИ УСЛОВИТЕ ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ
Поради ковид- кризата во компанијата направена е реорганизација на производниот процес со примена на строги мерки, процедури во работењето пропишани од Светската Здравствена Организација и Владата на Република Северна Македонија. Со примена пропишаните мерки и правила за производство и ракување со млеко до млекопроизводителите, дистрибуција на млекото, прилагодување на производството, извршена е навремена достава на производи согласно барањата на пазарот.
Како општествено одговорна компанија од компанијата велат дека дадени се голем број на донации до хуманитарните организации за достава на нивните производи во загрозените подрачја. А сите овие активности биле организирани и координирани согласно наметнатите услови со цел да има непречено производство и достава на производи.
Македонско, наше е – проект на Канал 77, како општествено одговорен медиум, во придонес на македонските компании во здравствено – економската криза со ковид 19. Ви ги претставуваме македонските компании и нивните бреднови.