Седум лица биле повредени, од кои двајца потешко, во девет сообраќајни несреќи што се случиле во изминатото деноноќие. Сообраќајната полиција казнила 91 возач кои се движеле со поголема брзина од дозволената.
Девет возачи биле исклучени од сообраќај. Двајца од нив управувале возило пијани, а седум немале положен возачки испит.
Од сообраќај биле исклученени 46 возила, со истечена важност на сообраќајната дозвола биле 22 возила, 121 автомобили биле непрописно паркирани, а со пајак биле подигнати 66 возила. Полицијата казнила и 22 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.