Веста дека починал младиот Христијан ја соопштија од Националното здружение на пациенти со МП на срцето „Храбро срце“.
Христијан почина, премногу изгубени години на макотрпно чекање и исполнување на ‘ветувањата’ од институциите. Толку вреди еден живот кај нас, за жал, што дури 8. години ниту еден од надлежните не се потруди да помогне за да го најде својот спас надвор од нашата земја, напишаа од „Храбро срце“, на својата Фејсбук страница.
Христијан живееше приклучен на батерии со придружна опрема тешка 7-8 килограми и од која е невозможно да се одвои. Тој бараше помош од државата, да се најде срце бидејќи вештачкото срце или пупмите кои се вградуваат во развиените земји се само преодна фаза додека се најде срце и направи трансплантација. Двајца пациенти со вградени две пумпи и еден со вештачко срце починаа во последните неколку месеци, останаа уште двајца со по две пумпи во срцето.
-На нас времето на живот ни е ограничено. Ако немаме поддршка од ФЗО и од Министерството за здравство добрата приказна, ќе стане лоша приказна. Ќе си заминеме еден по еден, вели Даниел Тодоровски.
Во моментот во државата има над дваесетина пациенти кои имаат потреба од трансплантација на срце, десеттина од нив немаат никаква механичка поддршка, а останатите имаат вградени пумпи и или механичко срце.
Извор: досие.мк