Македонските поети Јулијана Величковска и Митко Гогов на меѓународен фестивал во Софија – ММС
ММС

Објавено на: 06/14/18 7:52 AM

Македонските поети Јулијана Величковска и Митко Гогов на меѓународен фестивал во Софија

Македонските поети Јулијана Величковска и Митко Гогов ќе настапат на 13-тото издание на меѓународниот фестивал „Софија: Поетики“ во Бугарија.

Фестивалот ќе се одржи од 16-ти до 17-ти јуни, а на него покрај домашните поети ќе настапат и поети од Велика Британија, Германија, Словенија, Косово, Унгарија и Романија.

Македонските поети ќе настапат во сабота на отворањето на фестивалот во паркот „Кристал“ и в недела на затворањето, каде што посетителите ќе можат и да им поставуваат и прашања.