За дамите: Спречете го стареењето со еликсир од билки – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/20 7:08 PM

За дамите: Спречете го стареењето со еликсир од билки

Со секоја измината година, нашето тело губи дел од својата виталност. Токсините постепено се акумулираат, главно заради слабиот квалитет на храната и недостатокот на грижа за сопственото здравје. Ова, меѓу другото, има негативен ефект врз изгледот на жената и со текот на времето може да доведе до сериозни болести, кои без сомнение ќе бараат многу труд, време и пари за лекување.

Најдоброто нешто што можете да направите во овој случај е да се храните здраво, како и да го поткрепите организмот со лековити билки. Пробајте го рецептот и наскоро ќе го почувствувате неговиот корисен ефект:

– Го смирува и чисти дигестивниот систем;

А како резултат на тоа се нормализира  функцијата на дигестивниот систем и се подобрува апсорпцијата на храната, се нормализира апетитот, што помага за намалување на вишокот килограми;

-Ја зголемува вкупната енергија на телото, го елиминира постојаниот замор;

-Ја олеснува работата на дебелото црево;

-Значително ја подобрува состојбата на кожата на лицето.

За да ја подготвите растителната мешавина за подмладување, ќе ви треба половина лажичка цвет од камилица, листови и цвет од нане, маточина, кантарион и, по желба, додадете листови од црна рибизла, јагоди или малини за вкус и арома. Сипете 300 мл врела вода над билките.

Откако смесата ќе зоврие, тргнете ја од оган и оставете ја 10 минути. Пијте го како чај пред јадење. Кога чајот ќе се олади, можете да додадете мед.

Најважниот ефект на чистење се постигнува токму поради фактот дека чајот се пие пред јадење. Така, прво го мие остатокот од храната во цревата, ја ублажува иритацијата на желудочната слузница и го подготвува дигестивниот систем за апсорпција на храна.

Можете да пиете од чајот по 100 гр  пред секој оброк или да испиете цела чаша на празен стомак наутро. Вие сами избирате, раководејќи се од начинот на кој се чувствувате.

Мажите исто така можат да ги искористат предностите на лековитите својства на чајот, но подобро е тие да го отстранат нането од миксот – ова растение не е едно од најповолните за машкото тело.

Оваа пријатна терапија против стареење прекрасно се комбинира со исклучување на штетни производи од менито, користејки свеж зеленчук и овошје во исхраната и третирање на лицето со камилица.

Текст: zdrave.to

Фото: lavandamia.h