ИВЗ годинава нема да организира аџилак – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/20 3:57 PM

ИВЗ годинава нема да организира аџилак

Муслиманите од Македонија годинава нема да ги посетат светите места Мека и медина. Исламската верска заедница нема да организира заминување на аџилак. Во име на ријасетот на ИВЗ вд реисот Шаќир ефенди Фетаху одлуката ја образложи со опасноста од ковид 19 и ограничувањата кои ги воведе Саудиска Арабија.
– Имавме многу барања од верниците што ќе биде со аџилакот и врз основа на одлуката донесена од Министерството за Хаџ во Кралството Саудиска Арабија, со жалост информирам дека оваа година одењето на аџилак е откажано како последица од мерките преземени поради пандемијата ковид19. Од тие
причини ИВЗ како легитимно тело за организирање на организација на петтиот исламски услов – Хаџ, нема да ја спроведе постапка за Хаџ. Ние сме одговорни како институција и мора да ги почитуваме препораките на светската здравстевна оргазизација, рече реисот Фетаху

Годинава аџилакот треба да започне кон крајот на јули. Минатата година од Македонија за аџилакот што го организираа ИВЗ и локалните муфтивства беа пријавени 850 верници.
Околу 2,5 милиони муслимани годишно ги посетуваат светите места во Мека и Медина во текот на неделата на Хаџ.
Во Саудиска Арабија има повеќе од 161.000 луѓе заразени со ковид 19, а повеќе од 1.300 умреле.