Брендот „Кораб – Трница“ потекнува уште од 1945 година. Од почетокот на постоењето, главна дејност на фирмата е одгледување овци, како и самостојно производство и самостојна продажба на млечни производи и месо. Компанијата е надалеку позната по традицооналните производи како што се „кораб кашкавал“, „трничко сирење“ и „трничко кисело млеко“, кои традиционално биле произведувани во мандра, а потоа чувани во пештери на планината Кораб. Со текот на годините, претпријатието бележи континуиран раст и проширување на дејностите. Во 1974 година е изграден и почнува со работа ресторанот „Кораб Трница“. Ресторанот потоа прерасна во убав комплекс помеѓу Кораб, Шара и Бистра, со сместувачки капацитет во дваесетина соби.
Уште факти за „Кораб – Трница“:
Во 2015 година претпријатието почнува циклус инвестиции со кои му се враќа сјајот на брендот “Кораб-Трница“. Задржан е традиционалниот дух, а направено е модернизирање и проширување на дејностите. Концептот „од природа до трпеза“ подразбира производство на природни производи и нивна продажба преку сопствени канали. Претпријатието располага со сопствени фарми за високомлечни шталски овци и кози, од чие млеко континуирано во текот на цела година во сопствена мандра се произведуваат висококвалитетни традиционални и природни млечни производи. Претпријатието поседува и сопствена фарма на крави, кои лете се носат на пасиштата со сочна планинска трева на Кораб. Компанијата има и сопствена кланица со високи стандарди за производство, како и сопствен пчеларник за висококвалитет природен мед.
Месо, млеко и мед – македонски производи од „Кораб – Трница“
Под брендот „Кораб Трница“ се произведуваат и се продаваат широка палета природни производи, како овчи, козји и кравји млечни производи, телешко, јагнешко, јунешко и јарешко свежо месо, природен мед… Продажбата на се врши преку многу маркети низ цела Македонија, како и во сопствени продавници, а квалитетот на производството на компанија се препознава и надвор од Македонија, па нејзините производи се продаваат и во маркети во Црна Гора и во Србија.
– Кризата поради пандемијата со коронавирусот се чувствува, но се бориме на пазарот за нови клиенти, воведуваме нови квалитегни производи. Може и во вакви услови да се работи. Од стотината вработени, немаме отпуштено ниту еден – вели сопственикот Борис Дабевски.
Поради мерките за спречување на ширењето на коронавирусот во Македонија, во изминатите два месеца не работеше ни туритичкиот комплекс „Кораб Триница“, а времето се искористило за уредување на објектите и изградба бунгалови.
Македонско, наше е – проект на Канал 77, како општествено одговорен медиум, во придонес на македонските компании во здравствено – економската криза со ковид 19. Ви ги претставуваме македонските компании и нивните бреднови.