Штипјанец прегазен пред влезот на Клиничката болница – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/20 1:02 PM

Штипјанец прегазен пред влезот на Клиничката болница

Пред влезот на Клиничката болница, штипјанец е прегазен со возило управувано од возило управувано од беровчанец.

Според информациите од СВР Штип, во текот на вчерашниот ден во Полициската станица било пријавено дека околу 11.30 часот на влезот на Клиничката Болница Штип патнички автомобил „мерцедес вито“ со беровски регистарски таблици, управуван од педесет и шестгодишниот П.С. од Берово, удрил во пешакот, седумдесет и двегодишниот Л.Б од Штип.

,,Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош“, информираат од Полицијата.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.