Меуние од следната сезона ќе игра во Дортмунд – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/20 12:54 PM

Меуние од следната сезона ќе игра во Дортмунд

После четири години поминати во Париз, белгискиот десен бек Томас Меуние ќе ја смени средината и ќе премине во редовите на Борусија Дортмунд.

Дваесет и осум годишниот дефанзивец беше еден од играчите на Париз Сен Жермен кои не сакаа да потпишат краток нов договор со клубот, заедно со Тиаго Силва и Единсон Кавани и со самото тоа како слободен играч ќе замине во Бундесот.

Сезоната во најдобрата германска лига започнува на 21 август, а Меуние со неговиот нов тим ќе дебитира против екипата на Хофенхајм.