Германија загуби половина милијарда евра поради дизел скандалите – ММС
ММС

Објавено на: 06/14/18 6:44 AM

Германија загуби половина милијарда евра поради дизел скандалите

Пресметките покажуваат дека за неповолниот биланс не се „виновни“ дизел скандалите само на големите компании и индустријата на земјата, туку поради многу причини со оглед на тоа што во овој бизнис се вклучени и многу други фирми, „страдале“ просечниот и мал бизнис. Загубите не се предизвикани само поради манипулацијата со моторите на дизел автомобилите, туку и поради фактот што согласно ова и скандалите, се намалила нивната вредност и побарувачка на пазарот.

Според проценките на DIHK, загубите на економијата досега надминуваат половина милијарда евра.

Првото беше соопштено само неколку часа откако обвинителството во Минхен го претресе домот на шефот на Audi AG – Руперт Штадлер, кој е обвинет за затајување на податоци поврзани со дизел скандалот врзан за неговата компанија. Во моментов, властите во Германија истражуваат повеќе од 20 луѓе, од кои сите имаат водечки позиции во Volkswagen, Mercedes, BMW… Против некои од нив, исто така, беа покренати и официјални обвиненија.