Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/20 9:43 AM

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Двајцата млади кичевци, Лавдрим Велиу и Алит Билали гледајќи ги тешкотиите со кои се соочува едно момче од ромска националност со посебни потреби , 20-годишниот Атилан Асаноски, решиле заедно да му помогнат за да му се олесни движењето.

Тие обезбедиле специјален електричен мотор кој ќе му овозможи на Асаноски со помалку потешкотии и поудобно да се движи низ градот.

-Ова го сторивме од хумани причини и со желба да му помогнеме на овој млад човек од ромската заедница, кој имаше потешкотии во движењето. Верувам дека сега со специјалниот електричен мотор го олеснивме колку толку движењето на оваа младо момче заедно со мојот пријател Алит вели Лавдрим.

MIA