Пред 12 години со еден непромислен потег се уништи тунелот, кој беше туристичка атракција во Дебарско – реканскиот крај. Со тоа, замина во историјата најмалиот тунел во Европа.
Тунелот што се наоѓа на регионалниот пат Дебар-Маврово, кај селото Скудриње, околу кој се врзува и една интересна легенда, на 14 мај 2008 година беше миниран.
Со неговото минирање и уривање во историјата замина и легендата која, велат дека е стара со векови. Според легендата, на местото на тунелот животот несреќно го загубила невеста, па како сенка се’ уште излегува во ноќните часови, но само во летниот период. Во нејзина чест, по некое непишано правило, жителите од поширокиот регион кога со возило минуваат низ тунелот секогаш свиреа по трипати.
ФБ